Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злетово

црква во Злетово, Пробиштипско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злетовоmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородицацрква во пробиштипското село Злетово. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Ова е главна црква во селото, како и главен храм на Злетовската парохија. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Постои несогласување во врска со годините на изградба на црквата поради тоа што таа претрпела неколку фази на преизградба. Првично била еднокорабна, од кршен камен и малтер. Од таа градба денес преостанува само полукружната апсида со зачуван стар живопис. Апсидата е вградена во новата градба, која исто така е еднокорабна, но потесна и подолга, градена од делкан камен со полукружен свод. Нартексот од западната страна и тремот од јужната се од третата градежна фаза од 1853 г.

Во преродбеничкиот период оваа црква била под врховенството на Бугарската егзархија, додека пак помалата црква „Св. Илија“ ја држеле српските црковни власти од Цариградската патријаршија.

Remove ads

Архитектура

Фрескоживопис

Фрескоживописот од првата фаза е релативно добро зачуван. Според историчарот Коста Балабанов, тој е стилски близок на делата од првата половина на XVI век. Најблизок споредбен материјал е живописот во црквата „Св. Никола“ на Топличкиот манастир.[2]

Иконостас

Иконите се од XIX век, дело на Анастас Зограф од Крушево.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads