Црква „Св. Илија“ - Лесково

црква во Лесково, Демирхисарско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Лесковоmap
Remove ads

Св. Илијацрква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Денес црквата е во урнатини, а обновената црква е сместена на друго место во атарот.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Стара црква

Thumb
Влезот во црквата

Старата Црква, која денес е во урнатини, е гробишен храм, сместен во Долната Маала на Лесково (41.2228°N 21.1190°E / 41.2228; 21.1190). Изградена е кон крајот на XIX век.[1] Ова е еднокорабна градба со висок дрвен свод и полукружна апсида на исток. Ѕидаријата е од кршен камен, а отворите и венецот е од делкан бигор. Покривот е на две води со ќерамиди, а тој на апсидата е со камени плочки. Фасадите се фугирани. На северниот и јужниот ѕид одвнатре има пиластри кои продолжуваат како ребра на сводот. Внатрешноста е малтерисана, но без живопис. Иконостасот е од даски. На запад има трем со приземје и кат. На влезот стои икона од Пророк Илија.[1]

Remove ads

Нова црква

Новата црква со истото се наоѓа во месноста Илиница, на 1,5 км источно над селото. Таа е еднокорабна, со малтерисана и варосана фасада. До неа има чешма и помошни објекти. Обновена е во 1980 г.[2] врз темелите на средновековна црква со истото име,[3] која веројатно била првата селска црква посветена на пророкот Илија.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads