Црква „Св. Илија“ - Раброво
црква во селото Раброво From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — главна селска црква во валандовското село Раброво, Македонија.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна. Видлива е и од самиот регионален пат 1105, кој поминува до селото.
Историја
Камен-темелникот за изградба на црквата бил поставен во 2010 година. Црквата била изградена за три и пол години. Била осветена од страна на митрополитот Агатангел на 13 октомври 2013 година.[1]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата е осумаголна и на секоја од осумте страни има по една монофора. Влезната врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со мозаик на кој е претставен Свети Илија. На источниот ѕид има полукружна апсида, додека на јужниот ѕид има вградена трифора. Црквата е изградена од наизменични редови од камен и тули и е покриена со кров од ќерамиди.
Фрескоживопис
Внатрешноста на црквата не е живописана.
Икони и иконостас
Црквата поседува иконостас со икони.
Галерија
- Мозаик над влезот во црквата
- Поглед на црквата
- Куполата
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Куполата
- Влезот
- Иконостасот
- Внатрешноста
- Внатрешноста
- Апсидата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads