Црква „Св. Илија“ - Рамне

црква во селото Рамне From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Рамнеmap
Remove ads

За археолошкото наоѓалиште, видете Св. Илија (Рамне)

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Рамне.[1]

Во рамки на црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта.

Remove ads

Местоположба

Црква се наоѓа над самото сретсело.

Историја

Според натписот што е сместен над влезната врата, црквата била подигната во 1907 година.[2]

Архитектура

Црквата е еднокорабна со галерија на кат и купола. Била изградена од кршен камен,[2] а вратата, прозорците и венецот од делкан бигор, како и апсидата, која е полукружна и со седум слепи ниши. Во средината на прозорецот е изделкан крст.[3]

Фрескоживопис

Фрескоживописот во црквата бил изработен во 1944 година од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте Рафев од селото Лазарополе.[2]

Други објекти

Во периодот од 1984-1995 година, со помош на селаните се изградени: црковна трпезарија, камбанарија и бил променет кровот на црквата.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads