Црква „Св. Илија“ - Рогачево
црква во селото Рогачево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — манастирска црква во тетовското село Рогачево.[1] Се наоѓа на местото викано Калуѓер над самото село. Амбионтот околу црквата е уникатен поради тоа што тука се наоѓаат изворите на Калуѓерска Река и вековните дабови. Во минатото ова бил жив манастир кој бил основан од монаси кои избегале за време на косовската битка. Подоцна манастирот бил уништен од страна на Турците. Денес е останата само црквата кој е обновена во 70тите години на XX век. Најголемиот празник се празнува за Илинден кој воедно е и селска слава. Во ова време се собираат сите жители на селото и доаѓаат локалните иселеници кои ги има на наколку стотини. Тоѓаш мо месноста се слави и се готви свечен ручек.
Remove ads
Легенда
Секоја година за Илинден се коле курбан. Според старата селска легенда пред многу години на Илинден од падините на Шара слегувал елен. Ова животно доаѓало пред готвачите. Откако ќе му дале вода на еленот го колеле како курбан и правеле јадење. Така било со векови. Меѓутоа, една година не дошол елен. Готвачите се снашле со теле. А кога сè било готово, сепак, еленот се симнал, но веќе се било доцна. Оттогаш рогачевци за курбан колат теле.[2]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Галерија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads