Општина Јегуновце
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Јегуновце — општина во областа Долни Полог, Западна Македонија. Седиште на општината е селото Јегуновце, а градоначалник е Димитар Костадиноски.


Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната општина Јегуновце е припоена и Општина Вратница.
Remove ads
Етимологија
Името на општината е добиено според своето административно и географско средиште – селото Јегуновце. Ова име првпат се појавува во пишани извори во XIX век, каде што се среќава во форма „Егуновце“. Потеклото на името е поврзано со зборот егумен или игумен, кој во православната црковна традиција означува старешина или управител на манастир. Оттука, називот Егуменовци означувал луѓе или заедница поврзана со игуменот, а со текот на времето преку народна и јазична адаптација ја добил денешна форма – Јегуновце.[2]
Remove ads
Грб и знаме
Грб
Грбот ја претставува општината преку неколку препознатливи елементи сместени во рамките на штит. Централна фигура е буквата „Ј“, која го симболизира името Јегуновце и ја истакнува општината како посебна заедница. Во позадината се наоѓа приказ на планините, како потсетник на природното богатство и географската положба на овој крај. Дополнително, претставена е фабрика, што ја отсликува индустриската традиција и стопанската активност. На грбот има и ѕвезди, кои ги симболизираат населените места на општината и нивната меѓусебна поврзаност. Во долниот дел е вметната годината на основање на општината, како белег на историскиот развој. Грбот бил официјално усвоен во 1996 година.
Знаме
Знамето на Општина Јегуновце е со основна црвена боја, што ја симболизира енергијата, традицијата и заедништвото. Во левиот горен агол е поставен грбот на општината, како носител на локалниот идентитет. На знамето се истакнати единаесет жолти ѕвезди, чиј број одговара на бројот на населените места во општината пред присоединувањето на Општина Вратница во 2005 година. Поставеноста на ѕвездите не е случајна, туку е усогласена со нивната географска распределба на картата на општината. Ова симболично претставува заедничко постоење и рамнотежа меѓу сите населени места. Знамето било усвоено во 1996 година.
Remove ads
Географија
Општина Јегуновце е општина во северозападниот дел на Македонија, во областа Долни Полог. Морфолошки се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден и јужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијална рамнина на реката Вардар. На запад граничи со Општина Теарце, на север со Република Косово, на југ со Општина Желино, а на исток со Општина Сарај. Центарот на општината, селото Јегуновце, е оддалечено околу 20 километри од најблискиот град Тетово, a 35 километри од главиот град Скопје.
Општина Јегуновце се простира на површина од 174 км², а во нејзините рамки се наоѓаат вкупно 17 населени места, кои може да се поделат на две групи според географската поставеност: во рамничарскиот и во планинскиот дел на територијата. Планинските населби се сместени во подножјето и падините на Шар Планина и се одликуваат со почиста клима, повисока надморска височина и поразвиено сточарство и шумарство. Од нив, Старо Село претставува највисоко населено место во општината, сместено на 870 метри надморска височина. Од друга страна, рамничарските села се протегаат во котлинскиот дел, покрај реката Вардар и плодните полиња околу неа. Овие населби имаат порамномерна структура, подобри услови за земјоделство и полесна достапност до патната инфраструктура. Најниско место во општината е селото Туденце, кое се наоѓа на 385 метри надморска височина. Со вакви природни разлики, општината Јегуновце претставува простор со изразена разновидност – од високопланински услови погодни за сточарство и туризам, па сè до рамничарски области со богати земјоделски површини.[3]
Историја
Просторот на Општина Јегуновце претставува подрачје со исклучително богата историја и културно наследство, кое било населено уште од најраните историски периоди. Археолошките истражувања и бројните пронајдоци сведочат дека животот на овие простори постоел уште од 5 и 6 век. Ова укажува на континуитет на населување и развој на локалните заедници низ различни епохи.[3]
Како материјални сведоштва на овој континуитет се појавуваат разновидни археолошки наоди – некрополи кои зборуваат за погребните обичаи и организацијата на древните жители, ранохристијански градби кои ја потврдуваат раната распространетост на христијанството, како и средновековни цркви што ја рефлектираат духовната и културната традиција на населението. Покрај нив, пронајдени се и други вредни предмети и градби кои го претставуваат богатството и разновидноста на културното наследство на регионот.[3]
Овие археолошки и историски сведоштва не само што ја потврдуваат долгата историја на населување на општината, туку истовремено ја истакнуваат нејзината важност како простор на кој се испреплетувале различни култури, традиции и историски процеси низ вековите.
Општина Јегуновце како самостојна административно-територијална единица е официјално формирана на 18 декември 1996 година. Овој датум има особено значење за локалната самоуправа, бидејќи токму тогаш се одржала првата конститутивна седница на Советот на Општината, на која бил конституиран првиот Совет и со тоа започнала формалната работа на општинските органи. Во спомен на тој историски момент, 18 декември е востановен како празник на Општина Јегуновце.
Remove ads
Демографија
Според пописот од 2002 година, во општината имало 10.790:[4]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.078 |
муслимани | 4.692 |
католици | 3 |
протестанти | 0 |
останати | 15 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.012 |
албански | 4.645 |
турски | 4 |
ромски | 41 |
влашки | 1 |
српски | 59 |
бошњачки | 0 |
останати | 28 |
Remove ads
Населени места
Во состав на општината Јегуновце влегуваат 17 села:
Стопанство
Општествени установи
Училишта
- ООУ „Александар Здравковски“ - Јегуновце
- ПООУ „Александар Здравковски“ - Јанчиште
- ПООУ „Александар Здравковски“ - Раотинце
- ООУ „Симче Настевски“ - Вратница
- ПООУ „Симче Настевски“ - Долно Орашје
- ПООУ „Симче Настевски“ - Орашје
- ООУ „Шемшево“ - Шемшево (во минатото ООУ „Даме Груев“)
- ПООУ „Шемшево“ - Туденце
- ПООУ „Шемшево“ - Прељубиште
- ПООУ „Шемшево“ - Копанце
- ПООУ „Шемшево“ - Жилче
Пошта
Дом на култура
Железнички станици
- ЖС „Орашје“ (Скопје — Кичево)
- ЖС „Јегуновце“ (Скопје — Кичево)
- ЖС „Јегуновце Фабрика“ (Скопје — Кичево)
- ЖС „Ратае“ (Скопје — Кичево)
Друго
- Јавно комунално претпријатие „Чистота“ (Јегуновце)
- Полициска станица (Јегуновце)
- Амбуланта (Јегуновце)
- Амбуланта (Шемшево)
- Ветеринарна станица (Подбреге)
- Дисперзирани паралелки на средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ од Тетово (Прељубиште)
- Библиотека „Светлина“ (Прељубиште)
- Градинка (Прељубиште)
Remove ads
Културни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Петка“ - Беловиште
- Црква „Св. Богородица“ - Беловиште
- Црква „Св. Јован Крстител“ - Беловиште
- Црква „Св. Петка“ - Вратница
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Вратница
- Црква „Св. Константин и Елена“ - Вратница
- Црква „Св. Никола“ - Жилче
- Црква „Св. Теодор Тирон“ - Јанчиште
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Јегуновце
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Јегуновце
- Црква „Св. Никола“ - Копанце
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Подбреге
- Црква „Св. Јован Богослов“ - Прељубиште
- Црква „Св. Илија“ - Раотинце
- Црква „Св. Недела“ - Раотинце
- Црква „Св. Петка“ - Раотинце
- Црква „Св. Сава“ - Ратае
- Црква „Св. Атанасиј“ - Ратае
- Црква „Св. Спас“ - Рогачево
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Рогачево
- Црква „Св. Петка и Св. Недела“ - Рогачево
- Црква „Св. Илија“ - Рогачево
- Црква „Св. Спас“ - Рогачево
- Црква „Св. Петка“ - Сиричино
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Село
- Црква „Св. Спиридон“ - Старо Село
- Црква „Св. Петка“ - Туденце
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Шемшево
Џамии
- Стара џамија - Копанце
- Нова џамија - Копанце
- Главна Џамија - Орашје
- Џамија - Долно Орашје
- Џамија - Прељубиште
- Џамија - Шемшево
Археолошки наоѓалишта
- Градиште (Беловиште)
- Поле (Беловиште)
- Мали Орман (Вратница)
- Св. Дуси (Вратница)
- Св. Петка (Вратница)
- Тумба (Вратница)
- Црквиште (Вратница)
- Просечник (Жилче)
- Црквиште (Јажинце)
- Тумба (Јанчиште)
- Ќерамидница (Јанчиште)
- Јегуновска тврдина (Јегуновце)
- Кај Фабриката (Јегуновце)
- Пештер (Јегуновце)
- Арбино (Копанце)
- Плетарница (Копанце)
- Орашко Кале-Собри (Орашје)
- Манастириште (Подбреге)
- Брезјанско Нивче (Прељубиште)
- Три Тумби (Прељубиште)
- Арбино (Раотинце)
- Брце (Сиричино)
- Матеички Дол (Сиричино)
- Градиште (Старо Село)
- Дубје (Старо Село)
- Цветков Рид (Старо Село)
- Црквиште (Туденце)
- Сред Село (Шемшево)
Споменици
- Споменик во чест на НОБ (Раотинце)
- Биста на Цоки Стојановски (Туденце)
Природни знаменитости
Реки
Езера
- Вратничко Езеро
- Ливадичко Езеро
Месност
- Савин Камен
- Сенокос
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Јегуновце е Дарко Блажески од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Јегуновце е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност се:

СДСМ: 6 места
ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
ДУИ: 3 места
НДМ: 1 место
Remove ads
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
- ФК Југохром
- КУД „Извор“
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads