Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Прилеп

црква во градот Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Прилеп
Remove ads

„Свети Кирил и Методиј“ во Прилеп градена е во периодот од 1926-1936 година, во непосредна близина на стариот Параклис, кој бил изграден во 1884 година.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Градбата е започната по иницијатива на свештеникот Алекса Кочовиќ, кој бил тогашен претседател на српската црковно-училишна општина. Голем дел од Прилепчаните, незадоволни од патријаршиската и егзархиската политика во градот, се приклониле кон српската пропаганда, со цел да го отфрлат било кој угнетувачки јарем, зашто Србите им ветиле дека во новата црква ќе можат да служат на својот мајчин јазик. Понесени од таа идеја, дел од граѓаните кои го населувале Варошко маало, отвориле Параклис во кој започнал редовен богослужбен живот. Подоцна, на оваа група прилепчани им се приклучил и поп Спасе Игуменов, кој формирал и црковна делегација, која лично преговарала со Цариградскиот патријарх и аАпостолскиот нунциј во Цариград, за решавањето на црковниот спор во Македонија.

Со доаѓањето на српската власт во Македонија, епископот Битолски Јосиф (Цвијовиќ) во 1924 година ги осветил темелите за градба на новата црква, посветена на „Свети Кирил и Методиј“, а во 1936 година црквата ја осветил тогашниот епископ Охридско-битолски Николај (Велимировиќ).

Remove ads

Архитектура

Храмот има основа на впишан крст и во него се влегува со искачување на неколку скалила, со што започнува градбата на храмови во велелепни стилови. Во подрумот на храмот се наоѓаат гробници од загинати војници од Првата светска војна. Храмот има скромен иконостас, кој не е споменик на културата. Во 2006 година довршена е градбата на куполата на црквата, која своевремно, кога била градбата на храмот, заради немање на финансии не била доизградена.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads