Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиково

црква во селото Пашаџиково From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиковоmap
Remove ads

Свети Климентцрква во селото Пашаџиково. Сместена е од десната страна на патот кој води до туристичкиот центар Пониква.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 2012 година со ктиторство на Благој Ситновски и неговото семејство. Храмот бил осветен од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион во септември 2015 година.[1]

Архитектура

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Апсидата е украсена со три слепи ниши. Со три слепи ниши се украсени и полукружните крила, а во нивната средишна ниша има по една монофора. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е дограден трем. Дворот на црквата е ограден со метална ограда којашто има бетонска основа.

Во непосредна близина на црквата се наоѓа мал помошен објект.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads