Црква „Св. Константин и Елена“ - Аканџали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίους Κωνσταντίνο και Ελένη) — црква во селото Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Со грчкото освојвуање на Егејска Македонија, Аканџали било етнички исчистено со масовни убиства и протерувања на македонското население, па затоа селото останало пусто. Во 1922 г. тука се доселени тракиски Грци од чорленското село Чингене Сарај во Турција. На 28 јуни 1924 г. дошле и семејства од Понт. Тракиските жители на селото имале црква посветена на Успението Богородично. Во 1930 г. откако станало очигледно дека нема да се вратат во родните места, на јужниот крај на селото дојденците почнале да го градат храмот „Св. Константин и Елена“. Негов градител е инженерот Михаилидис. Црквата има отворен трем на запад, а внатрешноста е делумно живописана.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads