Полјанско-кукушка епархија

епархија на Цариградската патријаршија во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Полјанско-кукушка епархија
Remove ads

Полјанско-кукушка епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Πολυανής και Κιλκισίου) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Кукуш, Егејска Македонија.

Кратки факти Полјанско-кукушка епархија Ιερά Μητρόπολη Πολυανής και Κιλκισίου, Место ...
Thumb
Крстеница на Ташо, син на Никола Стојанов, издадена од егзархиската црковна општина во Полјанин на 17 јануари 1910 г.
Remove ads

Историја

Епархијата е наследник на старата Дојранско-кукушка (Полјанско-кукушка) епархија, која во османлиско време ги опфаќала Дојранската каза без нејзините северни делови — намесништво со седиште во Дојран, источниот дел на Гевгелиската каза – намесништво со седиште во Гевгелика, Кукушката каза – намесништво со седиште во Кукуш и неколку села од Солунската каза меѓу реките Вардар и Галик. Дојранскиот епископ е потчинет на Солунскиот архиепископ.

Титулата на епископот е Полјанско-вардарски (Πολεανίνης или Πολιαννίνης или Πολιανῆς или Πολυανῆς και Βαρδαριωτῶν), иако Вардарски е постепено е исфрлена.

Покрај големогрчката политика спроведувана од Патријаршијата, на територијата на оваа епархија работела и бугарската пропаганда со нејзините црковни општини, храмови и свештеници. Со поделбата на Македонија во 1913 г. епархијата е поделена меѓу Грција и Србија. Делот што останал во Србија денес е дел од Струмичката епархија на Македонската православна црква. Останатиот дел ја сочинил Полјанско-кукушката епархија со седиште во Кукуш. Во октомври 1924 г. цариградскиот патријарх Григориј VII ја издигнал епископијата во митрополија.

До 1991 г. в епархијата ја опфаќала територијата на целата Кукушка околија и неколку села од Солунската. Во мај 1991 г. Пајонската епархија од Кукушката околија е одвоена од Полјанско-кукушката митрополија и од неа е создадена Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија.[1]

Полјански е и титулата на митрополитот на Струмичката епархија на МПЦ-ОА, повикувајќи се на фактот што оваа епархија своевремено опфаќала територии на неговата денешна епархија.[2]

Remove ads

Епископи и митрополити

Thumb
Писмо на епископот Фотиј Полјански до митрополитот Генадиј Солунски со информации за апсењето на дојрански првенци од османлиската власт и конфискување на училиштето во градот за потребите на османлиската војска, 11 октомври 1912 г.
Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Архијерејски намесништва

Епархијата има седум архијерејски намесништва:[4]

Повеќе информации Архијерејски намесништва и парохиски цркви, Име ...
Remove ads

Манастири

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads