Црква „Св. Константин и Елена“ - Дабово
црква во Дабово, Гевгелиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίου Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во селото Дабово, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Храмот е изграден во средината на XIX век. Претставува трикорабна базилика со димензии од 15 × 11 м. Изградена е врз остатоците од постар храм, судејќи по зачуваните архитравот и столбови. Од западната и јужната страна има трем. На запад првобитно имало нартекс со галерија, но тие денес не се зачувани. Местото до каде се протегал нартексто се познава по оцелелите подови каменни плочи. Храмот има две мали врати од југ и од запад, со камени довратници. Трите кораба се поделени со колонади од пет столба, од кои петтиот е зад иконостасот и е неоформен. Храмот има една полукружна апсида, а нишите на жртвеникот и иконостасот не излегуваат од источниот ѕид. Во средишниот кораб е зачуван оригинален дрвен таван со квадратна шарка.[1] Во храмот има икони на зографите Ставракис Маргаритис, Атанасиос Маргаритис и Дакос Хаѕистаматис, од погрченото солунско село Кулакија.[4]
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads