Црква „Св. Константин и Елена“ - Охрид
црква во Охрид, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена — македонски православен храм кој се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот Охрид во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, односно во дворот на ОУ „Климент Охридски“ - Охрид. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од јужната страна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Во внатрешноста целата црква е фрескоживописана[1].
Remove ads
Галерија
- Поглед на влезот на црквата
- Поглед на црквата од западната страна
- Поглед на црквата и Охридското Езеро во позадината
- Црквата Св. Константин и Елена и зградата на некогашното основно училиште "Св. Климент Охридски", сега Митрополитска резиденција на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads