Црква „Пресвета Богородица Перивлепта“ - Охрид

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Пресвета Богородица Перивлепта“ - Охрид
Remove ads

Пресвета Богородица Перивлепта (Пресвета Богородица Севидна) — црква наоѓа во градот Охрид, изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.[1]

Кратки факти Света Богородица Перивлепта, Религија ...
Remove ads

Историја

Thumb
Фреска на Св. Климент Охридски од црквата

Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиското Царство. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности. По уривањето на манастирската црква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Перивлепта се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).

Remove ads

Архитектонски одлики

Thumb
Фрескоживопис во олтарниот дел на црквата

Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13 век во Епир.

Remove ads

Значење за историјата на уметноста

Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.

Извор

" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads