Црква „Св. Константин и Елена“ - Пазар
црква во Пазар, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена (грчки: Ιερός ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — преродбеничка парохиска црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Remove ads
Историја
Храмот е изграден под името „Св. Кирил и Методиј“ во македонското маало Варош во североисточниот дел на градот. Изграден е во 1906 г. кога населението било под врховенството на Бугарскаа егзархија. Во 1909 г. иконите во храмот се изработени од иконописци предводени од галичкиот мајстор Апостол Фрчковски.[3]
Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт, храмот е преименуван во „Св. Константин и Елена“.[1]
Remove ads
Опис
Храмот првобитно бил трикорабна базилика со женска црква. Во 1952 – 1953 г. е видоизменет во петкорабна базилика. Има должина од 25 м, ширина од 17 м и висина од 8 м.[1][2] Во 1988 - 1990 г. на запад е направен нартекс. Покривот е на четири води, покриен со ќерамиди. Има три влеза — од запад, југ и север.[2] Во северозападниот агол е доградена камбанарија. На дното на северниот и јужниот кораб има два параклиса.[1]
Во внатрешноста корабите се поделени со дрвени столбови. Дел од фреските се дело на Христофанис Вуцинас и неговите ученици, а оние на патеките се изработени од зографите Кузоглу и Сарис — десно сцени од житието на Христос, лево на Богородица. Иконостасот е резбан, а иконите на него се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика. Преносливите икони се дело на М. Котикостас.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads