Црква „Св. Константин и Елена“ - Разловци
црква во селото Разловци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена — главна селска црква во пијанечкото село Разловци.[1][2]
Црквата се наоѓа во самото село, вкопана во земја, но сепак нејзината препознатлива камбанарија ја оддава положбата на црквата.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1850 година. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[2]
Според мештаните, црквата е уште постара. Започнува да се гради по иницијатива на Поп Стојан, заедно со блиските соработници Цоне Спасев, Стоил Ѓорѓов и Стоил Ковач. Нивните ликови се фрескоживописани на западната страна на црквата, наречени „ктитори сосе доми“, односно ктиторите со семејствата.[3]
Црквата ја градело целото село, но Турците ја стопирале градбата бидејќи немало дозвола и на тоа место немало стара црква. Селаните го донеле стариот камен крст од црквата „Св. Никола“ од Горно Поле, го закопале на местото каде се градела новата црква и продолжиле со работата. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча од Стоил Ковач, а со едниот од нив и ден-денес се отвора оваа црква.[3]
Кога Поп Стојан ја започнал својата револуционерна дејност, фреската со својот лик ја премачкал со пепел и вар. Така премачкана стоела уште сто години и била повторно откриена во 1976 година, на стогодишнината од востанието.[3]
Спроти Благовец во 1914 година во дворот на црквата кај варницата полна со вар и вода, четата на Јован Бабунски извршила крвав терор. Имено, сите осомничени за соработка со бугарските власти (свештеници и клисари) живи ги боделе и ги фрлале во варницата.[3]
- Насликаното сонце од Кутлеш во црквата
- Поп Стојан прикажан на фреска во црквата
- Стоил Ковач прикажан на фреска во црквата
Remove ads
Архитектура
Црквата по својата градба е еднокорабна.[3]
Камбанаријата на црквата била изградена во 1938 година, кога свештеник бил поп Манасија од Разловци, при што малата камбана е лиена во Неврокоп во 1909 година, а големата во Разловци.[3]
- Камбанаријата на црквата
Фрескоживопис
Зографисана е во целост од непознат зограф.[2] Во црквата се наоѓа насликано македонското сонце од Кутлеш.[3]
Црквата е фрескоживописана во 1859 година, што се гледа од натписот на иконата на „Света Богородица“. Фреските ги работел Васил Зограф, син на Ѓорѓија Зограф од Струмица.[3]
Иконостас
Иконите потекнуваат од XIX век од Глигориј Пецанов, Васил Зограф и непознати автори.[2]
Remove ads
Галерија
- Влезот во црквата
- Предниот дел на црквата
- Гробишта на свештениците од црквата
- Плоча за поп Стојан на црквата
- Помошен објект во црковниот двор
- Помошен објект во црковниот двор
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads