Разловци

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Разловциmap
Remove ads

Разловци — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Кратки факти

Во 1876 година во него избувнало Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската власт. И покрај неуспехот на востанието, тоа имало големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Дел од селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Делчево, непосредно од левата страна на реката Брегалница, чиј голем атар се допира со подрачјето на соседните Општина Берово и Општина Виница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа простор од 60,2 км2. На него шумите заземаат површина од 2.944 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.160 хектари, а на обработливото земјиште 1.650 хектари.[2]

Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, при што претставува последното село на општината и на соодветната етногеографска област. Сместено е на левиот брег на реката Брегалница, источно од падините на Голак, а западно од Обозна Планина. Оддалечено е 19 километри јужно од Делчево и 26,5 километри северозападно од Пехчево.

Remove ads

Историја

Thumb
Плоча за Разловечкото востание во селото

Се претпоставува дека селото настанало пред повеќе од 250 години, кога неколку семејство коишто живееле во Пиринска Македонија, во областа Разлог, пребегале од таму и ја населиле денешната територија. Се мисли дека затоа и селото е наречено Разловци. Тие биле со борбен дух и не се согласувале со турската власт. Интересно е тоа што уште од самото настанување на селото, во него живеат само Македонци. Тие не дозволувале луѓе од други националности дури и да влезат во селото. Луѓето од околните места коишто биле гонети од турската власт, се криеле таму. Една поговорка вели „еден Турчин дојде во селото, и разловчани кренаа востание да го избркаат“.

Во селото се наоѓа црквата Свети цар Константин и царица Елена, која била изградена околу 1850 година. Селаните побарале од турската војска да си изградат црква која ќе биде во близина на селото, бидејќи постојната била на неколку километри оддалеченост. Тоа не им било одобрено и им рекле дека ако во селото имало стара црква, можат пак да ја изградат. И бидејќи стара црква немало, тие се досетиле и преку ноќ откопале камен од темелите на црквата надвор од селото и го закопале на местото каде денес се наоѓа црквата Свети цар Константин и царица Елена. Наредниот ден таму копале во присуство на турската војска и го „нашле“ каменот и рекле дека тоа е од старата црква. Им дале дозвола да си изградат црква. Целото село собирале пари за градба на новата црква, но бидејќи не им стигале пари, Цоне Спасев-Ингилизо го продал својот имот за да се изгради црквата. Во знак на благодарност негов портрет е насликан во црквата и подоцна селаните го славеле како светец

Во XIX век, Разловци било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Разловечко востание:

Некогаш во селото Разловци имало некој Турчин по име Алиман. Тој силувал жени и ги терал да го служат со сè што ќе посака. Тој отишол во црквата и се молел Господ да му ги прости гревовите. Но, на излегување го сретнал поп-Стојан и тој почнал да се смее. Поп-Стојан го прекинал неговото смеење и му рекол: „Алимане! до кога жените ќе ги измачуваш, а јас ќе крставам твои деца?“ Алиман со смеење одговорил: „Ќе престанам кога ќе крстиш мое дете од ќерка ти и внука ти.“ Поп-Стојан се изнервирал и го ранил во стомакот. Алиман ранет со тројца свои другари отишол во куќата на еден болен старец. Старецот го избркале надвор од куќата. Кога го дознала разловечката полиција тие ја запалиле куќата на старецот заедно со Алиман и неговите три другари, но еден од другарите останал жив и им рекол на разловечката полиција во 15:00 часот да отидат на почетокот на селото и да го бакнуваат лебот и рацете на командирот на турскиот аскер. Сето тоа се случило и затоа командирот ја прашал полицијата зошто го прават тоа и тие им раскажале дека другарот на Алиман им рекол да го сторат тоа, а во спротивно ќе им го запали селото. Командирот на тоа подговорил дека тоа не е вистина. Командирот рекол дека селото ќе го запалат само ако парите на Алиман ги нема, а ако се таму ќе ги остави на мира да живеат. Потоа командирот се уверил дека парите се таму и селаните ги оставил на мира да живеат. Турскиот аскер се побунил за стореното и го убиле командирот. Аскерот избрал нов командир и им рекле на селаните дека ќе дојдат да се борат. После неколку дена турскиот аскер пристигнале да го одмаздуваат убиството на Алиман. Така започнало Разловечкото востание.

Под српска окупација

За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Разловци страда силно.[3] Паралелно со убивањето на свештениците, двајцата клисари, младинците Илија, Иван и Коле во селото Разловци поради масовното дезертирање од српската војска и бегањето во Бугарија, до смрт биле тепани од српските четници и жандарми и жените Спасуна Георгиева и Петра Чолачка, како и свештениците поп Јован и поп Манасие. Од друга извори се дознава дека селото Разловци во периодот меѓу 19131915 г. дало голем број жртви на српскиот терор. Имињата на жртвите се: поп Костадин, Костадин Жежов, Ефтим Ковачев, Атанас Донински, Атанас Петров, Захариј Гоцев, Георги Цинцев, Спиро Манчев, Бфрем Симеонов, Ангел Донински (беследно исчезнал), Иван Донински, Христо Цинцев, Васил Донински, Костадин Аврамов, Костадин Џоцов (осакатен) и Мите Доневски. Покрај ова, според вториот извор, во селото Разловци, во тој период, српските жандарми опожариле три куќи.[3]

Втора светска војна

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Remove ads

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Разловци имало 784 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Разловци имало 960 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци.[7]

Селото е големо, коешто во 1961 година имало 1.116 жители, а во 1994 година бројо се намалил на 906 жители, од кои 904 Македонци и двајца жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Разловци живееле 826 жители, од кои 823 Македонци и 3 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 461 жител, од кои 391 Македонец, 2 Албанци и 68 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Староседелци: Мицовци (2 к.), Чорбаџији (4 к.), Сумраци (2 к.), Транговци (14 к.), Дичовци (4 к.), Гоцевци (6 к.), Карафаци (2 к.), Рунтевци (2 к.), Џабире (5 к.), Спасевци (5 к.), Донинци (7 к.), Ѓорговци и Поповци (7 к.), Бојчовци (3 к.), Тришанци (2 к.), Дончовци (2 к.), Манчовци (5 к.), Бојаџиовци (2 к.), Анџији (3 к.), Енќовци (3 к.), Ситновци (14 к.), Мулаци (9 к.), Смиленци (5 к.), Тричковци (7 к.), Черговци (1 к.), Ѓурчији (7 к.), Баќевци (3 к.), Џаџовци (6 к.), Крстовци (3 к.), Пешовци (4 к.), Цинцовци (6 к.), Џиџере или Џиџерци (1 к.), Миленковци (1 к.), Калајџисци (4 к.), Глинџаре (3 к.), Огнаре (5 к.), Начевци (1 к.), Горанци (1 к.), Ковачовци (1 к.), Мазновци или Пандуре (3 к.), Лалевци (1 к.), Цврданци (2 к.), Иликовци (2 к.), Поповци (1 к.), Чуруци (2 к.), Авалеџији (1 к.), Кушовци (4 к.) и Лакалији (1 к.)
  • Доселеници: Убавелци (4 к.), Кацарци и Кацарето (6 к.) и Жежовци (12 к.) доселени се, но не знаат од каде; Златковци (1 к.) доселени се во 1830 година од селото Црник; Коваче (5 к.) доселени се во 1833 година од селото Робово; Новоселци (8 к.) доселени се во 1853 година од селото Ново Село на бугарска страна; Скакарци (1 к.) доселени се во 1878 година од некое околно село.[14]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во Разловци
Thumb
Главната селска црква „Св. Контантин и Елена“
Thumb
Поглед на спомен-домот на Разловечкото востание

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Разловци, во која единствено село било Разловци.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Разловци се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0590 според Државната изборна комисија, кое е сместено во културниот дом.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 655 гласачи.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 597 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[19]
Спомен-домови

Личности

Родени во Разловци

Иселеништво

Дел од населението на Разловци се иселило во соседните градови и населени места по востанието. Денес, разловчани ги има во Австралија, Канада, САД и во неколку европски држави, меѓу кои и Италија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads