Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани
црква во селото Барешани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Меркуриј (локално позната како Свети Меркули) — главна и единствена манастирска црква на Барешанскиот манастир во битолското село Барешани, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Манастирската црква е сместена во горниот дел на селото Барешани.[2]
Историја
Црквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]
Според натписна табла на самата црква, во нејзе во 1876 година е крстен Ѓорѓи Сугарев.
Архитектура
Храмот претставува трикорабна црква.
Фрескоживопис
На ѕидовите на внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[2]
Иконостас
Иконостасот е со два реда на икони, работени од непознат мајстор. Испишаните години на некои од престолните икони, информираат дека тие се насликани во 1853 година.[2]
Занимливост
Барешанци веруваат дека каменот положен покрај темелот од северната фасада на црквата има моќ да им помага на жените кои не можат да останат бремени. Според мештаните, повеќе семејства (христијански и муслимански), кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]
Галерија
- Натписна плоча
- Натписна плоча
- Годината на изградба
- Камбанаријата
- Апсидата
- Страничен поглед
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Предниот дел
- Поглед на црквата
- Споредниот влез
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads