Барешански манастир
манастир на МПЦ-ОА From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Барешански манастир — манастир во битолското село Барешани.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Remove ads
Местоположба

Манастирот се наоѓа во горниот дел од селото Барешани и од страна на мештаните е нарекуван Свети Меркули.[2]
До манастирот води асфалтен пат, кој продолжува од сретселото на Барешани.
Историја
Манастирот бил подигнат во XIX век,[2] поточно во 1836 година.
Легенда
Мештаните веруваат дека манастирот го изградил нивен соселанец, кој сонил сон додека бил на печалба во Кападокија, каде се наоѓа и гробот на преподобниот Меркуриј. На сонот му било речено „да се вратиш во Барешани, на тоа место има вода и почни да градиш манастир, ќе се вика Свети Меркуриј“. Кога истото му го кажал на агата, кој му бил газда, овој не само што го пуштил назад во селото, туку и му дал пет лири.[3]
Remove ads
Занимливост
Се верува дека манастирот има лековита вода, па така болните што доаѓале, дома се враќале здрави. Легендата вели дека лековитата вода му помогнала и на војводата Ѓорѓи Сугарев од Битола. Имено, неговите родители имале 19 деца, но сите им умреле. Првото дете што им останало живо бил Ѓорѓи, кој се родил во 1876 година и го крстиле во Барешанскиот манастир. Манастирот подоцна станал место за лечење и на душевни болести.[2]
Покрај ова, помеѓу мештани преовладува верување дека каменот покрај темелот на северната фасада на црквата, има моќ да им помага на жените кои имаат проблем да останат бремени. Според барешанци, повеќе семејства (христијански и муслимански) кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]
Градби во манастирот
Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Меркуриј“, камбанарија и конаци.[2]
Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.[4]
Црква
Црквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]
Remove ads
Галерија
- Помошен објект
 - Гробен споменик
 - Влезната порта
 - Камени споменици во манастирскиот двор
 - Воздушен поглед
 - Конакот
 
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
