Црква „Св. Недела“ - Ранченци

манастирска црква на Ранченскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Недела“ - Ранченциmap
Remove ads

Света Недела — манастирска црква на Ранченскиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена заедно со манастирот во 1930 година. Иконите биле изработени во текот на XX век, но нивниот автор не е познат.[2]

Архитектура

Градбата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон северната страна е доградена затворена припрата, а кон западната и јужната страна таа е отворена. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Храмот има две камбанарии. Првата е вградена и се издига над главниот влез, така што делот над кровот е куполест со осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Втората камбанарија е издвоена и се наоѓа непосредно од левата страна пред влезот на црквата, односно е доградена до затворената припрата на северната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои долниот е затворен, а горниот е ограден и отворен од сите четири страни. Објектот и камбанариите се обоени во бела боја, со исклучок на затворената припрата којашто однадвор не е варосана, и се покриени со кров од ќерамиди.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads