Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци

црква во селото Ранченци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченциmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ранченци.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото.

Историја

Црквата е изградена во XIX век.[2] Иконите се изработени во истиот период, но не е познато кој е нивниот автор. Непознато е и од кој архијереј е осветена.[3]

Архитектура

Градбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната стана. Кон западната и јужната стана е доградена отворена припрата, а кон северната страна е дограден понизок помошен објект. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на Свети Георги. Од левата страна пред главниот влез, припратата е преградена и во тој дел има молитвен простор. Непосредно пред главниот влез на црквата, на кровот од припратата е закачено ѕвоно. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads