Црква „Св. Недела“ - Скребатно

црква во селото Скребатно From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Недела“ - Скребатноmap
Remove ads

Света Недела — понова селска црква во охридското село Скребатно.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црква се наоѓа на патот до селото Скребатно, на околу еден километар под селото.[2]

Историја

Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година.[3]

Црквата била подигната со средства на Борис и Љупчо Шикалоски, кои живеат во градот Охрид, но потекнува од Скребатно.[4] Црквата е изградена по сон на Божа Шикалоска, сопруга на Борис Шикалоски. На сонот нејзиниот дедо ѝ кажал да го побара запоставеното црквиче „Св. Недела“. Постарите мештани на Скребатно се сеќавале на вакво свето место и кога се започнало со копање каде што се наоѓа црквата бил пронајден еден камен со крст.[2]

Remove ads

Архитектура

Црквата е подигната од делкан камен, со впишан крст во вид на тролисна детелина однадвор и кубе. Исто така, поседува и конаци и убаво уреден двор.[2]

Фрескоживопис

Фрескоживописот во црквата бил изработен од академскиот сликар Владислав Коцарев.[4]

Иконостас

Црквата поседува иконостас.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads