Црква „Св. Никита“ - Кисела Вода

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никита“ - Кисела Водаmap
Remove ads

Свети Никита — црква во скопската населба Кисела Вода.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Легенда

На местото каде што денес се наоѓа црквата, извирала кисела вода. Кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој изградил голем чифлик со сарај и куќа со огромни цветни градини. Усеин-бег бил слеп и при една прошетка низ својот чифлик отишол да се измие од изворот на кисела вода. Откако си ги измил очите со водата, тој прогледал. Оттогаш ова место околу изворот го прогласил за свето земјиште, а целата област ја нарекол Кисела Вода. Тој им забранил на овчарите околу изворот да ги пасат овците, а водата која во изобилие извирала, ја користел за наводнување на својот имот. Турците ја почитувале светата земја од страв дека доколку ја осквернават ќе ги снајде голема несреќа. Кога бегот си заминувал од Македонија, како благодарност за чудото што му се случило, на староседелците им дал пари веднаш до изворот да изградат црква. Староседелците го исполниле аманетот на бегот и ја изградиле денешната црквичка „Св. Никита“. Поради приказната за чудото што му се случило на Усеин-бег откако се измил со киселата вода, ова место станало многу познато. Луѓе од целата скопска околина доаѓале да се измијат од водата за која верувале дека е лековита, а, пак, младите девојки оставале по некој дел од нивната облека со верување дека ќе им се оствари посакуваната желба.[2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads