Кисела Вода (населба)
населба во Општина Кисела Вода, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кисела Вода — населба во Скопје. Оваа населба е една од поголемите населби во Општина Кисела Вода што зафаќа површина од 43 км2 и има население од 58.216 жители, од кои 50.702 се Македонци.[1]


Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Екши Су и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 270 жители.[3]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кисела Вода има 51.357 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
| Народност | Вкупно | 
| Македонци | 43.774 | 
| Албанци | 233 | 
| Турци | 292 | 
| Роми | 320 | 
| Власи | 616 | 
| Срби | 896 | 
| Бошњаци | 216 | 
| Други | 5.010 | 
Remove ads
Потекло на името
Месноста е наречена по изворот што постоел на местото каде што денес стои црквата „Св. Никита“.
Според преданието, кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој тука направил цветни градини. Бегот бил слеп, и при една прошетка низ чифликот застанал да се измие од водата и прогледал. Тогаш местото го прогласил за свето и не го давал за јавна употреба сè до неговото заминување, кога им го подарил на селаните за тука да изградат црква.[5]
Галерија
- Глетка од Кисела Вода
 - Делот Бирарија (кај „Шампионче“)
 - Градинка во Кисела Вода
 
Личности
- Љубомир Акимовски (1961 — 2001) — македонски бранител
 - Драганчо Илиевски (1969 — 2001) — македонски бранител
 - Игор Костески (1975 — 2001) — македонски бранител
 
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
