Црква „Св. Никола“ - Арилево
црква во селото Арилево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Арилево, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на самиот регионален пат 2337, пред скршнувањето за влезот во селото. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црква е сместена на самиот влез пред селото Арилево, на околу 9 километри северозападно од Крушево.[3]
Историја
Црквата е подигната во втората половина на XIX век, што е претпоставка врз основа на нејзиното живописување.[3]
Архитектура
Храмот претставува еднокорабна засведена градба, зајакната со испуштени пиластри на надолжните страни, поврзани со полукружни лакови, создавајќи три слепи ниши во ѕидовите и по една во травеите. Апсидата е петострана, расчленета со слепи ниши. Влезот на црквата е од западната страна и има по еден прозорец на северната, јужната и историчната страна (во вид на крст).[3]
Црквата е ѕидана од кршен камен и малтер, Каменот, главно, е употребен како необработен, вкопан во многу малтер и без определен опус на ѕидање. Единствено аглите на градбата се изведени од делкани камења квадери со минимални спојници.[3]
Фрескоживопис
Над западната врата во црквата има натпис, кој се наоѓа во наосот и дава информации дека живописот бил завршен на 4 мај 1887 година во времето на свештеникот Ѓорѓи. Коста Атанасов, автор на живописот, тешко се справувал со црковнословенскиот јазик, што се гледа од самиот текст во натписот, како и во испишувањето на насловите од композициите.[3]
Живописот во црквата Свети Никола распореден е во три зони и целосно е сочуван и е во добра состојба. Во првата и втората зона се насликани светци во цел раст меѓу кои се и сцените на св. Димитриј на коњ го убива Калојан, св. Ѓорѓи на коњ ја убива ламјата, Успение на св. Илија и раѓањето на Исус Христос. Во најниската зона на западниот ѕид се насликани композициите Страшниот суд и Успение на Пресвета Богородица, над него. Во третата зона претставени се сцени од животот на Христос. Во најниската зона на апсидата сместена е композицијата Литургиска служба на светите отци со св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст и св. Григориј Богослов, а над нив е насликан допојасниот фронтален лик на Богородица. Во темето на сводот се насликани Света Тројца, Исус Христос Сдржател и Богородица Ширшаја од небесета.[3]
Иконостас
Во црквата има евидентирано движно културно наследство, во кое влегуваат шест икони, но во самата црква има уште тринаесет икони кои треба да се евидентираат и обработат.[3]
Галерија
- Камбанаријата и влезот
- Влезот
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Помошниот објект
- Камбанаријата и влезот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads