Арилево
село во Општина Крушево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арилево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Крушево, на јужните падини на Бушева Планина.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 960 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4,5 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 2337.
Соседни села на Арилево се: Белушино, Селце и Норово од исток и североисток. Потоа Горно Дивјаци и Долно Дивјаци од север и југозапад, а Арилево исто така граничи и со градот Крушево.
Remove ads
Историја
Селото во турско време било чифлик на Рустем-Бег.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 425 хектари, на пасиштата отпаѓаат 392 хектари, а на обработливото земјиште 43,3 хектари.[2]
Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арилево имало 90 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арилево имало 120 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Харилово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Ова село не е многу населено. Тоа, во 1961 година броело 148 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 18 жители македонско население и селото е доведено во фаза на целосно раселување.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Арилево е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[3]
- Доселеници: Мутавџиовци (14 к.), доселени се од селото Арбиново, Дебрца, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 80 г. во 1951 година) Лазо-Трајко-Милош, кој дошол како мутавџија во селото; Грмидоловци или Николовци (7 к.), доселени се однекаде; Скадревци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар, Албанија; Јовчевци (1 к.), доселени се однекаде. Сите родови живеат во селото од турско време.
Иселеништво
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:[3]
- Од Мутавџиовци во: Врбоец (едно семејство), Крушево (две семејства), Софија во Бугарија (едно семејство) и во Шумен во Бугарија (едно семејство).
- Од Грмидоловци во: Крушево (едно семејство).
- Од Скадревци во: Крушево (едно семејство) и во Белград (едно семејство).
- Од Јовчевци во: Пазарџик во Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство од 1907 година).
Remove ads
Општествени установи

- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Арилево било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Арилево, се наоѓале и селата Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1206 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Дивјаци.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Атанасиј“ — помала селска црква.
- Реки
- Реката Шапка низ селото
- Главната селска црква „Св. Никола“
- Црквата „Св. Атанасиј“
Личности
- Родени во или по потекло од Арилево
Галерија
- Куќи во селото
- Регионалниот пат 1306 кај селото
- Селска чешма
- Традиционална куќа
- Влезот во поранешното училиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads