Црква „Св. Никола“ - Бељаковце
црква во Бељаковце, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (или Света Петка) — главна селска црква во кумановското село Бељаковце, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба, целосно обрасната и покриена од вегетација.[3]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во Чифлачкото Маало, во стариот дел на Бељаковце, сместено на левиот брег на Крива Река. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на училиштето, кое било подигнато пред крајот на отоманскиот период.[4]
Историја
Според зачуваниот натпис, црквата е изградена и живописана во 1605 – 1606 г. од ктиторот, презвитер Ѓурка.[5][6]
Црквата била подновена во 1901 година.[3]
Архитектура
Храмот претставува еднокорабна гробишна црква.[2] Истата била изградена од камен, а нејзиниот покрив бил од плочи.[4]
Фрескоживопис
Дел од живописот е прекриен со подоцнежни слоеви.[2]
При обновувањето на црквата во 1901 година, бил нацртан и нов живопис, кој бил дел на Атанас Николов од Велес.
За ова сведочи натписот:
„ | Въ 1901. го се понови овои хра- мъ ст҃ый Николае съ пожертвованіето на цѣлото село Белаковци. Епитропъ беше Младенъ Стоилковъ. Свѣщеникъ Алексїе Младеновъ Јулїи 10 Зографъ Атанасъ Николовъ изъ Велесъ |
“ |
Иконостас
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads