Црква „Св. Никола“ - Вардино

црква во Вардино, Демирхисарско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Св. Никола (или Св. Архангел Михаил) — црква во демирхисарското село Вардино, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е гробишен храм, сместен во центарот на селото. Претставува еднокорабна градба покриена со црвен трапезоиден свод. Покривот е на две води со ќерамиди. На исток има полукружна апсида со големо окно за осветлување. Фасадите се фугирани. На запад има дограден трем.[1]

Внатре има живопис од XIX век. На таванот од штици е насликан Исус Христос Седржител, на западната страна композицијата „Страшниот суд“, која заедно со претставата на покровителот Свети Никола пострадала при доградбата на тремот.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads