Црква „Св. Никола“ - Габровник

црква во Габровник, Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Габровникmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во азотското село Габровник, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е без покрив, со руинирана внатрешност и од важниот живопис се останати само фрагменти.

Remove ads

Местоположба

Црквата е гробишен храм, сместен на половина километар североисточно од селото и до него се доаѓа по земјен пат.

Историја

Црквата е изградена во XVII и обновена во XIX век.

Архитектура

Покривот е срушен и во целост зачувани се само западниот и источниот ѕид, а другите два се делумно урнати. Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток. Од западната страна е имала дограден трем со дрвена камбанарија од која се зачувани само темелите. Градбата е масивна, изградена од дробен камен и имала покрив од камени плочки. Од јужната и северната страна има две прозорски окна, додека пак источната горе има крстовиден отвор и тенка линија под него. Порталните и прозорските окна се од делкан камен и се засводени во горниот дел. Од постарата документација се се гледа дека црквата е имала касетирана таваница, дрвена брановидна галерија во западниот дел, двокатен иконостас со икони и црковен мебел.[1]

Влезот на црквата е од западната страна и над него има покровителска ниша со претстава на Свети Никола насликан за време на обновата во XIX век. Тој е претставен во свечена архијерејска одежда со митра на главата, со десната рака благословува, а во левата држи затворено евангелие.[2]

Фрескоживопис

Оригиналниот живопис од XVII век е зачуван само на источниот ѕид. Во конхата на апсидата[1] е насликана Пресвета Богородица Знамение до појас со Младенецот во медаљон на градите. Богородица е со подигнати раце во молитва; Христос благословува со десната рака рака, а во левата држи затворен свиток. Претставата на Богородица денес е уништена и позната е од стари фотографии што се чуваат во Националниот козерваторски центар. Светлосиниот медалјон на Христос е поставен врз црвен квардрат, кој пак седи врз син квадрат. Тој карактерстичен медаљон е истоветен на оној во црквата „Свети Никола“ во Мрзен Ораовец.[3]

Во првото подрачје на апсидата, во службата на светата литургија учествуваат само двајца архијереи свртени кон средишниот простор, каде место Агнецот поставен на Чесната трпеза е отворен тесен отвор. Литургистите се облечени во полиставриони, епитрахили и омофори со големи крстови. Во рацете држат отворени свитоци со старогрчки богослужебни текстови. Од северната страна е св. Јован Златоуст,[3] а од јужната е св. Василиј Велики.[4]

Во просторот меѓу апсидата и проскомидалната ниша е насликан Симеон Столпник. Светецот е до појас во монашка облека на столб, како благословува со левата рака, а со десната држи крст. Во самата проскомидална ниша е Архиѓакон Стефан, до појас, облечен во бел стихар и орар на кој е насликан трисагионот. Носи дарохранилница во левата покриена рака, а со десната благословува.[4]

Останатите фрески во наосот се од XIX век и се познати само од документацијата на Националниот конзерваторски центар. На северниот ѕид од запад во првото подрачје биле насликани св. Харалампиј, св. Петка, св. Катерина, св. Марина, св. Игнатиј, св. Атанасиј и пророкот Илија, а во второто подрачје Апостол Филип, Апостол Тома, св. Трифун, св. Пантелејмон, св. Кузман и Дамјан и светите Константин и Елена. На јужниот ѕид во првото подрачје биле пророкот Даниил и св. Никола, а во второто св. Ѓорѓи и св. Ѓорѓи Јанински.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads