Црква „Св. Никола“ - Горно Косоврасти

црква во селото Горно Косоврасти From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Горно Косоврастиmap
Remove ads

Свети Никола — мала средновековна црква во дебарското село Горно Косоврасти, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Денешната состојба на црквата е загрижувачка, со испишани графити и отпад околу нејзе.

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село Горно Косоврасти, во средишниот дел. Истата не е многу забележлива, бидејќи се наоѓа веднаш зад последните куќи во почетниот дел на селото (Долно Маало).

Историја

Не се знае точното време кога црквата е изградена, но според изгледот на својата градба во еднокорабен архитектонски стил, таа многу наликува на црквата „Св. Варвара“ во блиското село Рајчица, која е изградена во 1597 година (на самиот крај на XVI век), по што може да се претпостави дека и оваа црква во Горно Косоврасти потекнува од тој период.[1]

Според изгледот на градбата во еднокорабен стил и начинот на градба со делкан камен, може да се претпостави дека таа сигурно е изградена во периодот на доцниот среден век (XVII-XVIII век) или најдоцна до најраниот почеток на XIX век.[1]

Црковно селото било опслужувано од свештениците во Дебар, од истиот свештеник кој го опслужувал и селото Татар Елевци.[1]

Remove ads

Архитектура

Црквата е голема 35 м2 со земјиште од 2.981 м2, изградена со солидни цврсти ѕидови од делкан камен, покриена со лимен покрив и железна врата, веројатно поставени во поново време, како и со решетки на прозорците, кои се без стакла.[1]

Во поодамнешните пишани извори се наведува дека нејзината состојба е непозната, а за нејзе се грижи присутното македонско муслиманско население.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads