Црква „Св. Никола“ - Градец
црква во Градец, Кривопаланечко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола — православна црква во кривопаланечкото село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во 1857 г. Претставува голема еднокорабна градба со отворен трем од западната и делумно од јужната страна. Од јужната страна во источен правец е доизградена затворена трапезарија.
Се вели дека во црквата се наоѓале „одаи“ за секое од маалата на селото, но и за селаните од соседните села Габар, Огут и Метежево.
Remove ads
Живопис и икони
Храмот бил целосно живописан, и од нив сочувани се дел од фреските, меѓу која најзначајна е Симнување од крстот. Нивен автор е Ѓорѓи Јереј. Резбаниот иконостас, иконите на него и резбаните царски двери со позлата се дело на мијачкиот мајстор Евгениј Поп Кузманов, кој ги изработил во 1869 г.[1] Поп Кузманов ги изработил и иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата. Иконата на Свети Ѓорѓи е насликана „ 1869
2:
ȣ
i
ȣ
“. Во десниот жртвеник има натпис „
ȣ
i
i
: 1885
: 20
i
“. Во левиот жртвеник во 7 колони со по 16 реда се молитвите за осветување на црквата.[2]
Remove ads
Поврзано
- Кумановско-осоговска епархија
- Кривопаланечко архијерејско намесништво
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads