Црква „Св. Никола“ - Дрен (Прилепско)
црква во Дрен, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола — црква во прилепското село Дрен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен два километра југоисточно од селото. Изградена е во 1866 година. Според ктиторскиот натпис, во 2003 – 2005 г. црквата е обновена од Милорад Андоноски и селаните.[1] Претставува еднокорабен храм со полукружна апсида на исток. Има оригинален преродбенички иконостас кој е убаво насликан. Касетираниот таван е во шари, и во средината е претставен Бог Саваот.[1]
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Црква „Св. Никола“ - Дрен (Прилепско) на Ризницата ?
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads