Црква „Св. Никола“ - Крајници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола — православна црква во велешкото село Крајници, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во XIX век. Претставува монументална трикорабна базилика. Во внатрешноста се зачувани вредни фрески од 1875 и 1889 г., дело на двајца различни зографи. Според натписот на иконостасот, во 1875 г. тресончаните Петар Новев и син му Григор Петров, претставници на Дебарската школа, го насликале горниот дел на средишниот кораб, куполата и голем дел од иконостасот. На натписот е спомнат и Крсте Зограф од Велес, автор на царските икони „Исус Христос“ и „Света Богородица“.
Во олтарот се чуваат и две печатени графики на Пресвета Богородица Невенлива Роза, дело на греверот Џанантонио Ѕуљани, печатена во Венеција во 1820 г. на трошок на зографите Стефан и Неофит од Света Гора.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads