Крајници (село)
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крајници — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во централна Македонија.
Историја
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]
Стопанство
Население
Во 2002 година во селото живееле 16 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
Крајници е македонско село.
Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:
- Староседелци: Бошковци (5 к.), Славевци (7 к.) и Јанкуловци (3 к.) порано живееле во раселеното село Бафтинци, кое се наоѓало во атарот на селото Крајници. Во родот Бошковци се знае следното родословие: Милјан (жив на 72 г. периодот 1966-67) Ристо-Недо-Манасија-Бошко-Мише-Костадин, кој дошол во Крајници средината на XVIII век.
- Доселеници: Петревци (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско, го знаат следното родословие: Борис (жив на 70 г. периодот 1966-67) Јован-Митре-Анѓеле-Петре, кој се доселил во селото; Шијаковци (8 к.) за нив се претпоставува дека се доселени од Шијак во Албанија; Карадоламци (1 к.) доселени се од раселеното село Припор, подалечно потекло од селото Црнилиште, Прилепско; Зајковци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Скачинци; Арсевци (1 к.) доселени се од селото Никодин, тиквешко/Прилепско; Егејци (2 к.) доселени се од воденско, од селото Горно Родиво.[7]
Remove ads
Иселеништво
Иселувањето се одвива за време на индустријализацијата на Македонија во почетокот на седумдессетите години на дваесеттиот век.Претежно мештаните од крајници се иселувале во Велес. Крајници не важи за иселеничко место за надвор од Македонија а малиот број на иселеници се претечно во западна европа најчесто во Германија.
Целосно се иселени следните родови: Трендевци, Ризовци, Кочовци и Караџовци. За Караџовци се збори дека биле доселени од селото Магарево, Битолско. Други иселеници се: Богоевци, Костовци и Крајничани. Првите два рода се иселени во селото Црквино, додека третиот род е иселен во Подлес и Скопје.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2238 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Манастирче — некропола од средниот век
- Мрамор — населба од доцноантичко време
- Припор — населба од средниот век
- Сувак — некропола од римско време
Редовни настани
Личности
Личности родени во Крајници:
- Павле Игновски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ [10]
- Вера Миланова Иваноска — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads