Црква „Св. Никола“ - Крушево

црква во градот Крушево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Крушево
Remove ads

Свети Никола — црква во Крушево. Изградена е во 1832 г.[1]

Thumb
Црквата „Св. Никола“ пред 1912 г.
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

За време на Илинденското востание во 1903 г., црквата како и голем дел од централниот дел на градот бил изгорен и разрушен. Црквата била возобновена во периодот од 1905 до 1907 г. Таа имала централна позиција и била ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот.

На јужната страна од црквата била изградена камбанарија на која бил поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филиповски-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква датираат од 1884 г. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никогаш невидени мајсторски дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads