Црква „Св. Никола“ - К’шање
црква во К’шање, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во кумановското село К’шање, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во лоша состојба и истата е скоро целосно обрасната од вегетацијата.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во месноста Селиште, каде претходно таму се наоѓало црквиште. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]
Најблиско маало на црквата е Вучковци.
Историја
Црквата е гробишен храм, изграден во 1884 година,[3] иако во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека била подигната околу 1900 година.[2]
Архитектура
Има камени релјефни украси.[3]
Фрескоживопис
Насликата е од истакнатиот мајстор Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес.[3] Во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека на живописот работеле Васил и Мијалко „од Тетово“.[2]
Иконостас
Има позлатени резбани царски двери.[3]
Галерија
- Селските гробишта
- Главниот влез
- Припратата
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Воздушен поглед
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads