Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова)

црква во Маврово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова)map
Remove ads

Црква „Св. Никола“ - Маврово (наречена и „Св. Николај“) — главна манастирска црква на Мавровскиот манастир, која се наоѓа во селото Маврово во Општина Маврово и Ростуше. Таа е една од најголемите цркви во Мавровскиот регион.

Ова е статија за новата мавровска црква. За други значења видете на појаснителната страница
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Градба

Црквата е со димензии слични на потопената во езерото. Основата ѝ е 15 на 20 метри, со височина од 18 метри, а камбанаријата е 20 метри. Уредувањето и изградбата чинеле повеќе од 1,5 милиони евра. За изградба свои прилози дале 120 стопанственици од Македонија и од други земји. До црквата, која се наоѓа до патот што води кон ски-центарот Маврово, се симнува по 33 скалила. Во дворот има и седум чешми, клупи и тревник, а планирано е да се изгради и конак. Црквата била предадена во употреба во рамките на јубилејот 50 години од обновувањето на МПЦ-ОА.[1]

Храмот е карактеристичен по својата пространост во надворешниот и внатрешниот пронаос, нартексот и неговиот олтар. Тој има прекрасно изработен иконостас. Неговиот фрескоживопис е комплетен и поставен на поголеми површини и со мотиви на сликање усогласени на препораките од светите канони. Забележливо е и присуството на кружни столбови украсени со мотиви од животот Христос. Неговата градба е грандиозна, со совршени линии на аглите, а на горниот дел се извишива централна купола со насликан Седржител, како израз на достигнатото совршенство во градителството на сакралните објекти.

Remove ads

Галерија

Фрескоживопис
Надворешност

Поврзано

  • Гостиварско архијерејско намесништво
  • Мавровска парохија
  • Маврово

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads