Црква „Св. Никола“ - Ново Село
црква во селото Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (позната и како Св. Никола Талалеј (летен)[1] или Св.Талеа[2]) — македонски православен храм кој се наоѓа во Ново Село, недалеку од Зелениково во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа веднаш јужно од селото на неколку стотини метри оддалеченост. Изградбата датира од крајот на XVIII и почетокот на XIX век за што сведочат натписи и повеќе стари надгробни плочи во кругот на црквата. Црквата е возобновувана во два наврати. Првиот пат таа била обновена во 1896 година[3]. Вторпат црквата била обновена во поново време односно во периодот од 2003-2005 година. Покрај патрониот празник на црквата (9 мај[1])селото го слави и празникот „Свети Константин и Елена“.
Remove ads
Галерија
- Фреската на Свети Никола и таблата со годината на возобновувањето
- Стари надгробни плочи во дворот на црквата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads