Црква „Св. Никола“ - Петерско

црква во Петерско, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Петерско
Remove ads

Свети Никола (грчки: Aγίου Nικολάου) — црква во селото Петерско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Никола, Место ...
Thumb
Детаљ од иконостасот.

Храмот се наоѓа во северниот дел на селото, во подножјето на ридот Курија. Изграден е во 1776 г. од камен, користејќи материјал од околните антички урнатини.[2] Имал улога на парохиски храм на Петерско до 1972 г. Бидејќи селото било под двете пропаганди, во 1880 г. во црквата наизменично доаѓале свештеници на Бугарската егзархија и на Цариградската патријаршија. Во 1895 г. овој храм станал наполно патријаршиски.

Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив, нартекс и женска црква над него.[3][4] Зачуван е дел од оригиналниот живопис во апсидата, во жртвеникот и на дел од јужниот ѕид на наосот.[1] Тие датираат од 1840 г. — период во кој во Леринско работеле зографи од епирското село Кионат.[3] Ви храмот се чуваат 64 икони од XVIII – XIX век, повеќето од кои стојат на дрвениот иконостас. Шест од нив имаат напишан датум — една од 1776 г. со резбана рамка и 5 од почетокот на XIX век. Иконостасот има два реда апостолски икони, царски двери и дел од оригиналниот иконостас од XVIII век.[1]

Камбанаријата е одделна куловидна камена градба северозападно од црквата.[3][4]

Црквата заедно со камбанаријата е прогласена за заштитен споменик на културата во 1992 г.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads