Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско)
манастирска црква на Суводолскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола – манастирска црква на Суводолскиот манастир.[1]
Remove ads
Историја
Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека црквата била изградена во 1931 година, по што била срушена во 1994 година и изградена на новото место на манастирот во 1996 година.
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и од обете страни на влезната врата има по една вертикална застаклена фреска — на левата е претставена Богородица со Исус, а на десната Свети Никола. Црквата има и спроеден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Камбанаријата на црквата е со квадратна основа. Рабовите на аглите се истакнати нанадвор и забележителни се тулите од коишто се изградени. Слично како и црквата, камбанаријата е целосно обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Западната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Камбанаријата (лево) и црквата (десно)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads