Суводолски манастир (Битолско)

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Суводолски манастир (Битолско)map
Remove ads

Суводолски манастирманастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Суводол.[1]

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Местоположба

Манастирот се наоѓа во месноста Браенец, на неколку стотина метри северозападно од Суводолското Езеро. Познато е дека бил преместен на денешното место.[2]

Историја

Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека манастирот бил подигнат во 1931 година на околу 1 км јужно од неговото денешно место. Но, поради лизгање на теренот од ископот на јаглен, тој бил срушен во 1994 година и одново подигнат на сегашното наоѓалиште во 1996 година.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, езерце и помошни објекти.

Црква „Св. Никола“

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Црквата има два влеза — главен на западната и спореден на јужната страна.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads