Црква „Св. Никола Долни“ - Ротино

црква во Ротино, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Св. Никола Долни (или Св. Талалеј)[1] — главна црква во битолското село Ротино, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа на сретселото. Изградена е во 1870 г.[2] врз темелите на старо црквиште. Нејзината изградба ја потпомогнал влашкиот род Пиниковци, преселници од Магарево.[1] За време на Првата светска војна на ова подрачје се воделе жестоки битки и црквата тешко пострадала. По војната таа е обновена и преосветена.[2] Внатрешноста на храмот е живописана од мајсторот Златко Лечковски, родум од Ротино.[3]

Храмот е мала трикорабна градба со полукружен средиштен свод и полукружна апсида на исток, со шест лажни столба кои образуваат слепи ниши. Иконостасот датира од повоената возобнова. Од стариот црковен инвентар е зачувана само една икона. Во дворот на црквата пред влезот е изградена нова камбанарија.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads