Ротино
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ротино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Цапарското Поле, во близина на северните пазуви на планината Баба, оддалечено 12,5 километри западно од Битола, во близина на патот Битола - Ресен - Охрид.
Историја
Во XIX век, Ротино било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ротино живееле 680 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Ротино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 42 куќи.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ротино имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Власи.[6]
Во 1961 година во селото има 573 жители, додека во 1994 година имало 193 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ротино има 113 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, од кои 91 Македонец и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Ротино
Ротино е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Селото потекнува од почетокот на XIX век.
Родови во селото Ротино се: Петревци (17 куќи) први доселеници во селото, доселени се од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив на 62 г. во 1951 година) Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн; Трпеновци (14 куќи) доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 куќи) доселени се од некое село во битолско поле; Штерјовци (8 куќи), Унчевци (6 куќи), Лозановци (6 куќи), Лалевци (5 куќи), Павловци (4 куќи), Милевци (4 куќи), и Наневци (3 куќи) доселени се со непозната старина; Милошевци (3 куќи) доселени се во XIX век од селото Горно Српци каде биле староседелци; Толевци (7 куќи) и Наумовци (1 куќа) најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав, и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.[13]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
- Староседелци: Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.)
- Доселеници: Лалевци (5 к.) доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.) доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта; Наневци (3 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 213 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола Долни“ — главната селска црква изградена во 1870 година;[18]
- Црква „Св. Никола Горни“ — гробјанска црква;
- Црква „Св. Илија“ — главната манастирска црква на Ротинскиот манастир;
- Ротински манастир
- Археолошки наоѓалишта[19]
- Арнаутски Пат— пат од римско време;
- Манастирска Црква — населба од средниот век;
- Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
- Старо Село — населба од римско време;
- Води
- Ротинска Река
- Ротинско Езеро — вештачко езеро на Ротинска Река
Remove ads
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во Романија (5 семејства), Австралија (4 семејства), САД (5 семејства), Битола (3 семејства), Србија (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).[13][14]
Иселеници имало и потоа и населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија), како и низ Европа.[20]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads