Црква „Св. Никола Драготски“
црква во Костур, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола Драготски (грчки: Άγιος Νικόλαος Δραγωτά) — средновековна црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот е дел од парохијата на „Св. Петка Драготска“.[2] Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Црквата била подигната во втората половина на XIV век и е обновена два пати. Од првата фаза се зачувани само фреските на Пресв. Богородица Поширока од небесата и сцена од Чудата, обете на источниот ѕид, а останатите се уништени во XVII век за време проширувањето на храмот.[2]
Од фазата од XVII е зачуван убавиот резбан и живописан иконостас од 1668 година, чии икони се од истиот период. Натписот на иконостасот гласи:
„ | ανιγέρθη ο τέμπλος δια συνδρομής κυρ Σταμάτι και Χατζηανέστη ζπστ' (7186 = 1678)[2][3] | “ |
Во 1924 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4]
Remove ads
Фрескоживопис
- Пресвета Богордица Поширока од небесата
- Чудата Христови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads