Црква „Св. Никола Николимуки“ - Маркова Сушица
црква во селото Маркова Сушица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола Николимуки — црква во селото Маркова Сушица.[1] Црквата се наоѓа на самиот крај, југозападно од селото, на само 300 метри оддалеченост од Марковиот Манастир. Поточно, црквата е сместена од левата страна на патот кој води кон Марков Манастир во неговата непосредна близина, 300 метри пред манастирот. Спроти црквата од другата страна на патот постои чешма наречена Тониева Чешма, а исто така постојат и гробишта. Според изгледот и начинот на изградба од кршен делкан камен, како и остатоците од фрескоживопис на надворешната страна на ѕидовите над влезната врата, може да се заклучи дека црквата датира од постаро време, најверојатно доцниот среден век. Патронен празник на црквата е Св. Никола - „летен“ или Талалеј кој се прославува околу 18.05.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед кон црквата (североисточна страна)
- Мозаик во црковниот двор
- Фреска во внатрешноста
- Олтарот и иконостасот
- Тониева чешма
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads