Општина Студеничани

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Студеничани
Remove ads

Општина Студеничаниопштина во Македонија. Седиште на општината е истоименото село.

Кратки факти Општина Студеничани, Држава ...
Thumb
Карта на Општина Студеничани со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општина Студеничани со селските атари.
Remove ads

Историја

1945-1952

Месниот народен одбор Студеничани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Студеничани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Морани со неговите села Вртекица, Морани и Рамни Габер.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Палиград со неговото село Палиград.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Студеничани бил укинат на сметка на Општина Драчево која ги добила селата Вртекица, Морани, Рамни Габер, Студеничани, и Општина Зелениково која го добила селото Палиград.[5]

1996-до денес

Според законот за административна поделба од 1996 година, Општина Студеничани била обновена, на сметка на намалената Општина Кисела Вода. Во општината припаднале селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв.[6] Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Студеничани продолжила да постои со истите 19 населени места.[7]

Remove ads

Географија

Стопанство

Демографија

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Студеничани имал 3,199 жители, односно вкупното население на Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]

Народност Вкупно
Македонци 63
Албанци 2,979
Роми 113
Турци 9
Срби 34
Неопределени муслимани 1

Според една проценка од 2016 година, Општина Студеничани имала 21.721 жител.[9]

Вероисповед Вкупно
православни 285
муслимани 16.828
католици 25
протестанти 0
останати 108
Јазик Вкупно
македонски 347
албански 11.813
турски 3.226
ромски 73
влашки 0
српски 12
босански 141
останати 1.634
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на Општина Студеничани е Азем Садику од редовите на ДПА. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2017 година, за негов трет мандат од четири години.[10] Садику претходно бил градоначалник во мандатите 2000 — 2005 и 2013 — 2017. Советот на општина Студеничани е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  ДПА: 4 места
  ДУИ: 3 места
  СДСМ: 3 места
  БЕСА: 3 места
  АА: 1 места
  ДПТ: 1 место
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Забелешки

  1. Селото Варвара го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
  2. Селото Дресница го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
  3. Селото Љубош го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads