Црква „Св. Никола Рибарски“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола Рибарски и Свети Фануриј (грчки: Άγιος Νικόλαος ο Ψαράς και Άγιος Φανούριος) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата „Големи Свети Бессребреници“.[2] Името на храмот доаѓа од една фреска десно од олтарот, на која е претставено Крштението Господово со реката Јордан полна со риби.[3]
Црквата е подигната на крајот од XVI век. Градбата претставува трикорабна базилика со двоводен покрив. Во олтарниот простор има фрески од втората половина на XVII век. Во храмот се чуваат старопечатени книги од 1588 г.[1] Зографот на оваа црква е автор и на живописот во „Св. Никола Долни“, насликани во 1638 – 1642 г.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads