Црква „Св. Пантелејмон“ - Пантелеј
главна црква во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Пантелеј, Кочанско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во западниот дел на селото,[2] од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.
Историја
Црквата е изградена во 1885 година под водство на игуменот Мартиниј.[3] Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов.[4]
Во 1988 година, на барање на митрополитот Стефан Брегалнички (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските.[3]
Архитектура
Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи.[3][5]
Фрескоживопис
Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 година.[3][6] Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец.[7]
Икони и иконостас
Иконите на иконостасот се на Димитар Андонов Папрадишки,[3][8] додека иконостасот е дело на градителот Андон Китанов.[4]
Галерија
- Ниша над споредниот влез
- Спореден влез
- Ниша над споредниот влез
- Спореден влез
- Ниша над главниот влез
- Спореден влез
- Куполите
- Главниот влез
- Апсидите
- Големата апсида
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads