Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе
црква во Зрзенскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле или Овчарска црква — црква којашто се наоѓа во Зрзескиот манастир.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во XVII век, а била доградена во XIX век.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоагола основа со многуаголна апсида на источната страна. Нејзиниот западен дел во целост е споен со манастирскиот конак.
Фрескоживопис
Внатрешноста на црквата била зографисана во XIX век и живописот е со послаб квалитет од оној во црквата „Св. Преорбажение“ изработен неколку века порано.[2] Од него се издвојува фреската на којашто е прикажан животот на овчарот во народна носија. Во врска со претставата на фреската постои легенда дека овчарчето храбро им се спротивставило на заканите од арнаутите кои во тоа време го пустошеле и унишувале просторот на манастирот, но притоа загинало и во негова чест црквата го добила името „Овчарска црква“.[1]
Галерија
- Црквата до конакот и зад ѕвоното
- Животот на овчарчето
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads