Црква „Св. Петар и Павле“ - Крстоар
црква во селото Крстоар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле — главна селска црква во битолското село Крстоар.[1]
Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Remove ads
Местоположба

Црквата е сместена на влезот во селото Крстоар.
Историја
Од мермерната плоча сместена над главниот влез на западната страна на црквата може да се распознае годината 1890, што се претпоставува дека е времето на изградба на црквата.[2]
Архитектура
Црквата претставува мала трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна и затворен трем на јужната страна. Врз југозападниот агол на храмот се издигнува мала купола, во која се наоѓа и црковната камбанарија.[2]
Во внатрешноста на црквата се влегува низ нартексот, кој е издвоен од средишниот дел со преграда. Наосот е поделен на три кораби со два реда од по три столбови.[2]
Фрескоживопис
Фрескоживопис во црквата има на сводот од средниот кораб и во олтарниот простор. Истиот бил насликан во 1896 година и на почетокот на XX век.[2]
Иконостас
Иконостасот во црквата е составен од три реда на икони. Престолните икони се дело на Димитар Анастасов од селото Магарево, кои ги работел во 1891 година.[2]
Царските двери, влезните врати во олтарниот простор, како и дел од иконите во горните редови, од 1906 година, се творби на Коста Николов од селото Лазарополе. Негови се и иконите на амвонот, кој е поставен на еден од северниот ред на столбови.[2]
Занимливост
Од неколку престолни икони поставени на иконостасот во црквата може да се дознае дека селото Крстоар кон крајот на XIX век било именувано како Христофор.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads