Крстоар

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Крстоарmap
Remove ads

Крстоар (познато и како Крстовар и Христофор) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Thumb
Богојавление во Крстоар во 1903 г.
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Крстоар се наоѓа во подножјето на Баба Планина во Битолското Поле (Пелагонија), оддалечено 5,5 километри јужно од градот Битола.

Историја

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крстоар имало 280 жители, сите Македонци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Крстофор се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 35 куќи.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстоар имало 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Крстоар брои 167 жители, од кои 164 Македонци, 2 Срби и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 239 жители, од кои 200 Македонци, 21 Албанец, 5 Турци, 2 Срби и 11 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Крстоар е македонско село.

Родови во Крстоар се:

  • Староседелци: Ѓоревци (11 куќи), Јоновци (8 куќи), Кундевци (7 куќи), Јосифовци (3 куќи), Чанчуковци (3 куќи), Мочковци (2 куќи), Котевци (2 куќи) и Ѓелдановци (1 куќа).
  • Доселеници: Ситновци (4 куќи) потекнуваат од предокот Пеше кој се доселил во втората половина на XVIII век, он се оженил со девојка од некој од староседелските родови; Видиновци (8 куќи) доселени се од некое село во Преспа; Гулевци (8 куќи) доселени се од некое место во денешна Албанија; Мошенци (4 куќи) доселени се во турско време од селото Сетина, леринско; Домазетовци (2 куќи) родот го основал домазет доселен од селото Клабучишта, леринско; Трифуновци (2 куќи) доселени се во турско време од Буково; Апостоловци (1 куќа) и Петревци (1 куќа) доселени се однекаде; Милошевци (2 куќи) доселени се после турското владеење од некое село во Преспа.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 154 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 157 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
  • Црква „Св. Петар и Павле“ — главната селска црква изградена 1878 година;
  • Црква „Св. Христифор“ - главна манастирска црква на Крстоарскиот манастир;
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква. Се наоѓа во месноста Сребрена Вода на 200 метра погоре од Св. Христофор;
  • Црква „Св. Петка“ — црква во месноста Сребрена Вода;
  • Црква „Св. Теодор Тирон“ — црква во месноста Сребрена Вода;
Археолошки наоѓалишта[16]
Remove ads

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Иселеници од селото има во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија) и низ Европа.[18]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads